Четиринаесет лица се повредени поради истекување на амонијак во хемиска фабрика во близина на Бордо, југозападна Франција.
Несреќата се случила при полнење на камион-цистерна со течен амонијак. И покрај преземените безбедносни мерки на претпазливост, се формираше облак од амонијак, соопштија локалните власти.
По инцидентот евакуирани се работниците од фабриката за земјоделски ѓубрива и производи, како и блискиот објект.
Извор: МИА