Ројтерс ги отстрани вестите на руски Тасс од своја емисија

Од:

Британската агенција Ројтерс денеска соопшти дека од своја емисија ги отстранила вестите на руската агенција Тасс поради начинот на кој оваа агенција, во сопственост на руската држава, ја прикажува војната во Украина.

-Веруваме дека објавувањето на вестите на Тасс во нашата емисија не е во согласност со принципите на Ројтерс, изјавио извршниот директор на Ројтерс, Метју Кин, во информацијата до вработените во агенцијата.

Принципите на Ројтерс, усвоени во 1941 година за време на Втората светска војна, се интегритет, независност и непристрасно известување.

Одговарајќи на веста, Тасс објави писмо од извршниот директор Сергеј Михаилов до својот колега во Лондон во кое се наведува дека му е „исклучително жал за одлуката на Ројтерс, што е донесена под влијание на актуелната светска атмосфера“.

„Новинарите на Тасс си ја вршат работата чесно и одговорно. Независната анализа ќе покаже дека работата на Тасс како државна агенција е непристрасна, објективна и избалансирана, без дезинформации и лажна пропаганда“, напиша Михајлов во писмото дос војот колега Кин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз