Можеби не е во состојба да се поврзе на сајтови кои властите во Пјонгјанг не ги одобруваат и нуди само неколку апликации, но сепак таблетот „Самијон“, кој е произведен и достапен само во Северна Кореја, може нешто што не може ниту еден друг таблет.
Овој седум инчен таблетот на своите корисници им нуди нешто што ниту еден друг таблет не е во состојба да го понуди, а тоа е гледањето телевизија што го овозможува вградена антена.
Таблетот за 200 долари во Пјонгјанг го купил еден турист. Ако може да им се верува на спецификациите на кутијата, таблетот поседува и процесор од 1.2 GHz, што теоретски го прави побрз од „Самсунг Галакси Таб2“ и „ајПад 2“.
Телевизиската антена на „Самијон“ е однапред наместена да ги фаќа само државните телевизиски канали, така што е сосема бескорисен надвор од Северна Кореја.
Иако таблетот не може да се поврзе со некоја WiFi мрежа надвор од Северна Кореја, „Самијон“ претставува импресивен апарат за една исклучително изолирана земја.