Зеленски бара од Јапонија да го зголеми притисокот на санкциите врз Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од Јапонија да го зголеми притисокот на санкциите врз Русија со воведување трговско ембарго на руски стоки.

Обраќајќи се пред Парламентот во Токио преку видео врска, Зеленски се заблагодари на Јапонија за осудата на руската инвазија и воведувањето санкции.

„Одговорните држави се обединуваат за да го заштитат мирот. Благодарен сум на вашата земја за нејзината принципиелна позиција во овој историски момент, за нејзината вистинска помош за Украина. Вие бевте првата земја во Азија која навистина почна да врши притисок врз Русија за враќање на мирот, која ги поддржа санкциите против Русија и ве повикувам да продолжите да го правите тоа“, рече Зеленски.

Не наведувајќи докази, тој рече дека руските сили подготвуваат нови напади од таканаречената зона на исклучување околу нуклеарната централа во Чернобил, откако минатиот месец окупираа затворена централа во раните фази на војната.

Тој не даде повеќе детали за нападите, за кои утврди дека биле планирани од Русија.

„Светот е на работ на многу нови кризи. Предизвиците за животната средина и храната се без преседан“, рече Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина