Германски министер за финансии: На Украина ќе и треба Маршалов план заради обнова на земјата

Од:

По војната, на Украина ќе и треба Маршалов план развиен од меѓународната заедница, заради обнова на земјата, изјави германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, презентирајќи го нацрт-државниот буџет во Бундестагот.

– На Украина и треба меѓународен Маршалов план, рече Линднер.

Тој посочи дека Германија и меѓународната заедница се солидарни со Украина не само денес, бидејќи размислуваат за неизбежен мир и потребата од обнова на земјата по војната.

– Германија е и ќе биде солидарна со Украина, бидејќи Русија води криминална политика… Нашата поддршка за борбата на народот на Украина за слобода ќе продолжи. Нашата солидарност со нашиот европски сосед има цврста основа, рече тој.

Линднер додаде дека Германија му помага на Киев на билатерална основа и во меѓународен контекст.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија