Украина: Русите ја уништија лабораторијата во Чернобил

Од:

Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти.

Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си.

Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои сега, како што наведе, се „во рацете на непријателот“.

„Во лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, имаше и вредна аналитичка опрема, што ја нема никаде на друго место во Европа“, соопшти агенцијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски