Блинкен и Столтенберг: Треба да се зајакне источното крило на НАТО

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за актуелните напори за зајакнување на источното крило на Алијансата.

– Блинкен повтори дека постои потреба за силен и обединет трансатлантски одговор на руската Влада во војната против Украина и ја поздрави работата на зајакнување на одбраната на НАТО, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој исто така наведе дека Блинкен повтори дека САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина по „бруталната војна избрана од претседателот Путин“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност