Само неколку дена по европската премиера на фестивалот на брзината во Гудвуд, престижниот Porsche Panamera од втората генерација пристигна и во Македонија!
Panamera е вистинско олицетворение на се она што го карактеризира името Porsche во светот на автомобилите – страст, моќ, возбуда, прецизност и престиж.
Panamera од втората генерација повторно претставува хармоничен спој на спортски дух и секојдневна практичност, традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, дизајн и функционалност.
Автомобилот импресионира со перфекцијата во деталите и софистицираната технологија, сето тоа завиткано под велот на ултрамодерен дизајн и нов начин на размислување.
Под хаубата се забележуваат најголемите промени во однос на претходната генерација. Комплетната палета на втората генерација се состои од 10 модификации. Основниот модел е V6 дизел моторот со 250 КС и забрзување од 0 до 100 km/h за 6,3 секунди, додека топ модел во понудата е верзијата Porsche Panamera Turbo, која може да се нарача и во продолжена верзија – Executive. Моторот е 4.8-литарски V8 мотор со 520 КС, времето за забрзување од 0 до 100 km/h e само 4,2 секунди, а максимална брзина е 305 km/h. Како најекономична верзија во палетата се издвојува и Porsche Panamera S со E-Hybrid и plug-in технологија, синхронизиран електромотор со вкупна моќност од 416 КЅ, максимална брзина од 270 km/h и просечна потрошувачка од само 3,1 l/100 km.
Panamera го прави возењето на голем туристички автомобил поудобно и позабавно, а возењето на лимузина неповторливо динамично, на особена радост на љубителите на висококвалитетните автомобили.