Слободна интернет зона во Градскиот парк во Велес

Од:

Градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев денеска во Градскиот парк ја промовираше новата слободна интернет зона.

Со оваа нова зона граѓаните на Велес кои престојуваат во градскиот парк, стадионот и спортската сала, ќе можат да користат бесплатни интернет услуги на своите лаптопи, таблети и мобилни телефони.

– Ова е придобивка за граѓаните која слободно ќе можат да ја користат, а зад која финансиски целосно стои општина Велес во соработка со телекомунацискиот оператор Близоо, потенцира градоначалникот, Чадиев.

Со проектот е овозможена 100 процентна покриеност со слободен интернет на сите зелени површини во градот, а телекомуникацискиот оператор Близоо засега е единствениот кој ќе се грижи за одржувањето на бесплатните интернет зони во градот.

За наредната година градоначалникот Чадиев најави проширување на бесплатната слободна интернет зона и во централното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски