(ВИДЕО) Стоилковски до Каевски: Голтар влезе во политика на сметка стави 4 милиони, и станови купени во кеш, затоа народот ве казнува

Од:

„Нервозата во СДСМ расте. Со секое ново мерење на рејтингот знаат дека се повеќе тонат. А, тонат заради криминал и корупција коишто носат се поголема сиромаштија во Македонија. Ќе се послужиме со нивниот речник „Голтарите“ од СДСМ, а коишто за пет години станаа милионери, се нервозни и се засегнати затоа што знаат дека немаат никаква доверба ниту почит кај народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот гледа како Дарко Каевски бега од одговор како тоа од „голтар“ на 30 години има банкарска сметка со четири милиони, додека луѓе во продавниците се тепаат за производи.

Народот гледа како Дарко Каевски го испрати својот шура, брат на сопругата за конзул во САД.

Народот гледа како семејството на Дарко Каевски се збогатило со пропаста на Еуростандард банка, додека луѓе се оставија без своите заштеди.

Народот гледа како милениците на Зоран Заев, „Тито“ според Дарко Каевски, енормно се богатат, додека државата ја заглавија во долгови, а спиралата на скапотија им го изеде животот.

Народот гледа што се случува, а во СДСМ расте нервозата.

Народот гледа како се тргува со закони, за да не плаќаат ниту паркинг во Скопје.

Затоа држат пресови во коишто безнадежно лажат дека Македонија блеска, дека државните резерви се полни, а тие го штителе стандардот.

Затоа СДСМ бегаат од избори, затоа што знаат дека ќе завршат пред лицето на правдата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години