Душебаев од денеска и официјално „вардарец“

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар денеска на прес конференција го претстави новото засилување Алекс Душебаев кој во следните две сезони ќе го носи црвено-црниот дрес.

– Мислам дека потпишав за добра екипа, која ќе игра во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Можев да бидам и дел од Хамбург, истакна Душебаев.

Алекс Душебаев има 21 година и игра на позиција десен бек. Тој е син на Талнат Душебаев, тренерот на Атлетико Мадрид. Оваа сезона Алекс требаше настапува токму во Атлетико, но финансиските проблеми на шпанскиот клуб беа пречка да се оствари нивната соработка.

– Требаше да тренирам со татко ми, но оваа сезона не се случи тоа поради проблемите. Никогаш не се знае можеби во иднина ќе ми биде и тренер. Тој сепак ми даде совети дека ова е добар тим каде ќе можам да напредувам, рече Алекс.

Душебаев попладнево ќе се приклучи на тимот кој е на подготовки во Крањска Гора, а тој досега беше дел од репрезентацијата на Шпанија, која на младинското Светско првенство го освои второто место.

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко во врска со голманската позиција, која не е пополнета најави дека наскоро ќе се случи и тоа.

– Ние ја комплетираме екипата. Ќе има и засилување и на голманската позиција. Или тоа ќе биде врвен голман или ќе биде млад и талентиран. Но наскоро ќе биде познато.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa