Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции, обвинувајќи ги за ширење дезинформации за војната во Украина, пишува Фајненшл тајмс.
Политичари од САД и од ЕУ сакаат платформи, како Фејсбук и Твитер, да направат повеќе, околу справувањето со дезинформации на интернет, поврзани со инвазијата на Украина, вклучувајќи и ограничување на над 100 руски профили на амбасади ширум светот, како и владини агенции како што е Министерството за одбрана.
Во текстот објавен на Фајненшл тајмс, пишува дека овие групи ги туркале лажните наративи на Кремљ, вклучително и тоа дека жртвите во бомбардирањето на Мариупол не биле цивили, дека Украина е подложена на „нацификација“, дека земјата планира да изврши биохемиски напад.
Фејсбук, Јутјуб и ТикТок се меѓу оние платформи кои беа принудени од официјални лица на ЕУ да се блокираат медиумите, поддржани од државата, Спутник и Раша тудеј месецов, додека компаниите презедоа други чекори за проверка на факти или намалување на досегот на одреден а содржина.
По овие мерки излегоа обвинувања за цензура и дискриминација од Москва, што возврати со забрана на Фејсбук и на Инстаграм за руските државјани, а го ограничи пристапот до Твитер.
Извор: МИА