ОН уште еднаш ќе ја повикаат Русија да ја прекине воената операција во Украина

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела би можело да гласа за резолуција со која уште еднаш се повикува Русија да ја прекине воената операција во Украина.

Конечната нацрт-резолуција е испратена до Генералното собрание, а дипломати, под услов да не бидат именувани, изјавија дека гласањето би можело да се одржи уште в среда.

Резолуцијата го повторува барањето на 193-члената светска организација од 2 март, Русија да ја прекине воената операција во Украина, да ги повлече сите свои војници и да побара заштита на сите цивили и инфраструктура, неопходна за нивниот опстанок.

Во нацрт-резолуцијата, подготвена од Франција и Мексико, се наведува дека хуманитарните последици од рускиот напад врз Украина се „во размери што не се видени во Европа со децении“ и се осудува гранатирањето, воздушните напади и „опсадите“ на густо населените градови, особено јужниот град Мариупол.

Предложената резолуција силно ги осудува сите напади врз цивили и цивилни објекти, вклучително и конвои за евакуација, и ги повикува сите страни да ги „заштитат цивилите кои бегаат од вооружениот судар и насилство“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина