Активистите од движењето Четврти амандман вчера протестираа во најмалку 20 градови на САД поради незаконското следење на граѓаните.
Протетсите наречени „Ден 1984“, по романот на Џорџ Орвел за ултрамодерната држава која ги надгледува своите граѓани, се одржаа во Њујорк, во Сан Франциско, во Лос Анџелес, во Вашингтон и во други градови.
Со протестите се бара да престане „неуставното следење на дигиталните комуникации“.
– Со овие протести испраќаме многу гласна порака до нашите претставници дека мора да го обноват четвртиот амандман и да поддржат закон за укинување на дозволата на Националната безбедносна агенција (НСА) за масовно набљудување на американските и странските граѓани, ако сакаат да ја заслужат нашата доверба, се наведува на интернет – страницата на Четврти амандман.
Движењето се формира откако поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден обелодени дека НСА ги прислушува телефонските разговори и ја следи интернет комуникацијата на граѓаните.