Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за европските медиуми изјави дека Украина никогаш нема да попушти пред ултиматумот од Русија и градовите како Киев, Мариупол или Харков нема да прифатат руска окупација.
– Украина нема да може да го исполни ултиматумот. Ние физички нема да можеме да го направиме тоа. Како може да се направи тоа? Сите ние мора да бидеме уништени, тогаш автоматски ќе се исполни нивниот ултиматум. На пример, тие велат: Дајте ни го Харков, дајте ни го Мариупол, дајте ни го Киев. Ниту жителите на Харков, ниту жителите на Мариупол, ниту жителите на Киев, ниту претседателот не можат да го направат тоа, истакна Зеленски.
Тој ги посочи примерите со Мелитопол и Бердјанск, чии жители пружија отпор откако руските влегоа во овие градови.
Зеленски додаде „ултиматумите нема да донесат никакви резултати на Русија во војната со Украина“.
Извор: МИА