Вучиќ: Разговораме со руската страна за нафта

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на утрешната седница на Советот за национална безбедност ќе се разговара за ефектите од војната во Украина, како и за сето она што се случува во Европа и светот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека Србија ќе преземе дополнителни мерки за обезбедување нафта и нафтени деривати и дека разговара „со нашите руски партнери“ за да ја спречи можноста за „изживување над Србија бидејќи мнозински сопственик на Нафтената индустрија на Србија (НИС) е руска компанија.

-Гледаме како тоа да го надминеме, да не навредуваме никого, да не повредиме некого, а морме да ја обезбедиме иднината за Србија и да обезбедиме безбедност за секој човек и секое дете, изјави Вучиќ на денешниот предизборен митинг.

Тој ги повика сите во Србија, па дури и оние кои, како што наведе, го кажуваат најлошото за него, да бидат единствени и да бидат со Србија и нејзините сограѓани.

Вучиќ им порача и дека можат да очекуваат „сешто“.

-Денес владата на Црна Гора, што не го направи ниту владата на Мило Ѓукановиќ, го забрани гласањето за нашите избори во Беране, Суторморе и Никшиќ, кажа тој.

Вучиќ додаде дека „Владата на Курти (владата на премиерот на Косово, Албин Курти) побарала од Србија да ја признае независноста на Косово за да се организираат (српските) избори таму.

-Тие ќе го добијат нашиот одговор утре, а овде на северот на Србија, добро знаете каков одговор ќе добијат – ќе добијат одговор на одговорни и сериозни луѓе, но овојпат тоа ќе има далекусежни последици, кажа Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он