Ќе добие ли Прилеп конечно пречистителна станица?

Од:

Во отчетот од 100-дневното градоначалникување на прилепскиот градоначалник, се споменува дека наскоро ќе започне реализацијата на првата фаза од реконструкцијата на канализациската мрежа низ градот во должина од 78 километри и изградба на нова пречистителна станица во вредност од 30 милиони евра.

Изградбата на пречистителна станица е најавена уште во 2009 година со средства од претпристапните фондови на ЕУ.Иако стартот на овој проект беше означен од претставникот на Европската комисија Ерван Фуере, тогашниот министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески, сепак, Прилеп не доби пречистителна станица.

И покрај истакнувањата на медицинските стручњаци  дека градската река е контаминирана,а нејзината контаминацијата е настаната како последица на несепаративниот систем на собирање отпадни води во градот, на дивото приклучување на жителите од индивидуалните станбени објекти, но и приклучоците од занаетчиските и индустриски објекти, сепак, Прилеп веќе четири години се гуши во канализацискиот смет.

Освен тоа, големо оптоварување настанува со зголемување на бројот на жителите, бидејќи проекцијата на постојниот канализациски систем е за одреден број корисници. Од Водовод и канализација истакнуваат дека реализацијата тече побавно поради барање на европските финансиери, иако пред повеќе од две и пол години беше завршена техничката документација со цел изградбата да започне веднаш.

Бенефитот ќе го уживаат не само прилепчани туку и  сите граѓани, земјоделците што одгледуваат бројни градинарски култури по течението на градската река,а, како што истакнуваат од Водовод, одржувањето на пречистителната станица ќе биде скапо со оглед на големите трошоци за струја.

Според нивните пресметки, годишно ќе треба да се издвојуваат околу 600.000 евра, поради што прилепчани ќе треба да плаќаат повисоки сметки за вода.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните