На парламентарните избори во Франција ќе се кандидираат 80 отсто од актуелните пратениците на Републиката

Од:

Според претседателот на групата ЛРЕМ (Републиката во Марп) во Националното собрание на Франција, само триесетина парламентарци не сакаат повторно да се кандидираат на претстојните парламентарни избори, јави дописникот н МИА.

Првиот круг од претседателските избори се уште не е одржан, но партиите веќе размислуваат за парламентарните избори. Претседателот на групата ЛРЕМ, Кристоф Кастанер посочи дека 80 отсто од пратениците на претседателската партија повторно ќе бидат кандидати.

-Околу триесетина парламентарци од мојата група ми кажаа дека не сакаат повторно да се кандидираат. Можеби неколку ќе го направат тоа“, рече претседателот на групата ЛРЕМ при Националното собрание. Тој притоа додаде дека „повеќето“ од пратениците „сакаат да ја продолжат борбата“. Запрашан за можноста за распуштање на Собранието за да се организираат предвремени парламентарни избори, Кристоф Кастанер не уверува дека тоа „нему му се чини дека е релевантно“. „Мислам дека тоа е во доменот на гласините“, рече тој.

Три недели пред првиот круг од претседателските избори и додека тежи заканата за рекордна неизлезеност, Кристоф Кастанер уверува дека „овие избори не се завршени“. „Никогаш не се добиени однапред. Би било политичка грешка да се верува дека е и етичка грешка: да им се каже на Французите: „Циркулирајте, нема што да се види“, тоа секогаш е грешка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата