Лајковите на „Фејсбук“ бескорисни?

Од:

Едно истражување на Би-Би-Си покажа дека за повеќето компании „лајкот“ на социјалната мрежа „фејсбук“ воопшто не ги оправдал вложените инвестиции, односно повеќе изгубиле отколку што добиле.

Анализата направена од маркетинг – експерт за Би-би-Си докажа со аргументи дека повеќето од стотици илјади поединечни лајкови на компаниите доаѓаат од лажни профили или луѓе кои воопшто не се заинтересирани за нивните производи. Покрај тоа, многу фанови на одредени брендови имаат лажни лични информации на своите профили, а тие се од клучно значење при определувањето на целната група за рекламирањето на компанијата.

Уште полошо, лажните профили создадени од компјутерските програми на овој начин постојано шират само вируси и спамови.

Иако портпаролот на „Фејсбук“ ги негираше тврдењата на истражувањето, велејќи дека немаат докази оти спорните лајкови доаѓаат од лажни кориснички сметки, сепак според бројните показатели, се чини дека оваа приказна е вистинита.

Уште на почетоткот од годината, самите преставници на социјалната мрежа објавија податоци во кои признаваат дека 6 % од нивните корисници не постојат, што значи дека „Фејсбук“ има најмалку 54 милиони профили зад кои не постои вистинскиот човек.

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска