Франција забрани продажба на Мерцедес возила поради користење спорна течност за ладење

Од:

Франција ја прекина продажбата на возила од германскиот производител „Мерцедес“, поради скандалот со течноста за ладење Р134а во клима уредите, која е забранета на територијата на ЕУ, бидејќи дури 1.400 пати повеќе влијае врз ефектот на глобалното затоплување отколку емисијата на штетни гасови.

Според дилерите на Мерцедес во Франција, властите во земјата не дозволуваат регистрација на моделите А Класа, Б Класа и ЦЛА, кои се произведени по средината на јули годинава, кога спорната течност е прогласена за недозволена на територијата на ЕУ.

Запрена е испораката, не само на возила од лагер, туку и нарачката на нови возила што не се во согласност со новите прописи на ЕУ, односно кои не користат течност за клима уредите со ознака Р1234уф.

Информацијата доаѓа само неколку дена откако германски службеници најавија дека нема да ги поддржат предложените построги мерки за емисијата на штетни гасови, пред се јаглерод диоксид, за сите нови возила од 2020 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска