Андерс Брејвик привремено ќе биде преместен во друг затвор

Од:

Норвешкиот екстремист, кој е осуден за убиство на 77 луѓе, Андерс Брејвик привремено ќе биде преместен во друг затвор.

Од крајот на судскиот процес Брејвик беше во затворот на островот Ила, а сега ќе биде преместен во затворот Скиен, во одделение со највисок степен на безбедност.

– Одлуката е донесена на почетокот од јуни. И тоа ништо не е чудно. Пракса е „проблематични“ затвореници привремено да се испраќаат во други затвори, истакна Јан Ерик Сандали, претставник на норвешките затвори.

Брејвик досега повеќе пати се жалел дека лошо се однесувале кон него во затворот Ила. Во Норвешка има само три затвори каде затвореници како Брејвик можат да издржуваат казна – Ила, Скиен и Рајнарик.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани