Франција не ги отфрла можностите за целосна забрана на увоз на руска нафта и гас во ЕУ

Од:

Санкциите наметнати кон Москва поради војната во Украина и штетат на руската економија и на претседателот Владимир Путин, изјави францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

Тој додаде дека според Париз, забраната за увоз на руска нафта и гас во ЕУ останува можна опција.

Во изјавата дадена за телевизијата „Ел-Ес-И“ Ле Мер вели дека Франција не ги отфрла ембаргото на руските енергенти.

„Треба ли веднаш да престанеме да купуваме руска нафта, дали малку подоцна ќе престанеме да увезуваме руски гас? Претседателот никогаш не ги отфрли таквите опции“, изјави Ле Мер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија