Kумановец загинал гаснејќи го пожарот што му ја зафатил куќата

Од:

54- годишен кумановец загина обидувајќи се да го изгасне пожарот кој му ја зафатил куќата. Пожарот почнал во нива непосредно до куќата на жртвата.

– Вчера во СВР-Куманово било пријавено дека во Куманово во место викано „Стара Воденица“ настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќа во која живеел Д.К.(54), при што од пожарот била зафатена и куќата а Д.К. се здобил со повреди при гаснењето и бил пронајден починат. Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Известен е јавен обвинител кој дал наредба телото на починатото лице да биде предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршиал екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва