Приведени тројца крадци во Скопје, пронајдени предмети од кривичните дела

Од:

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје вчера лишиле од слобода тројца малолетници осомничени за кривични дела „тешка кражба“, информира МВР.

– Тие во службен разговор ги признале трите кривични дела за кои постои основано сомнение дека ги направиле на 17.03 и 19.03.2022, а кај нив се пронајдени и разни предмети што потекнуваат од кривичните дела кои се одземени и вратени на сопствениците. Известен е јавен обвинител и тим од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи, соопшти МВР.

Еден од малолетниците е предаден на полициски службеник од затворска полиција – воспитно поправен дом –Тетово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он