Медински: Има приближување до договор за неутрален статус на Украина

Од:

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински денеска изјави дека двете страни се приближиле до договор за неутрален статус на Украина.

Медински, кој го предводеше рускиот тим во неколку рунди преговори со Украина, истакна дека страните ги намалиле разликите по прашањето за откажување на Украина од членството во НАТО и прифаќање на неутрален статус.

– Прашањето за неутралниот статус на Украина и нејзиното неприклучување во НАТО е едно од клучните прашања во преговорите, а тоа е прашањето каде страните ги приближија своите позиции што е можно повеќе, потенцира Медински.

Според него Москва и Киев сега се на „половина пат“ по прашањето за демилитаризација на Украина. Тој додаде дека Киев инсистира на реинтеграција на сепаратистичките региони во Источна Украина, поддржани од Русија и дека Москва смета дека на жителите на тие области мора да им се дозволи сами да си ја одредат судбината.

Медински посочи и дека е можна средбата меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, но откако преговарачите ќе го финализираат нацрт-договорот за прекин на воените дејствија и кога ќе биде одобрен од владите на двете земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва