Досега не е отворено прашањето за укинување на сертификатот за вацинација за влез во угостителските објекти, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешнот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Објасни дека Владата секогаш сериозно ги зема предвид препораките на Комисијата на епидемиолози, истакна дека досега не е отворено такво прашање и посочи дека вниманието мора да остане насочено кон пандемијата, бидејќи „невакцинираните и понатаму се во опасност“.
-Во овој момент нема нешто такво на маса, доколку се постави и кога ќе се постави, Владата ќе излезе со став, рече Иконому одговарајќи на новинарско прашање за натписите во медиумите за евентуално укинување на задолжителниот сертификатот за влез во угостителските објекти.
За ситуацијата со Ковид-19 во земјата, портпаролот на грчката Влада истакна дека пандемијта не е завршена и треба да продолжат напорите за зголемување на имунизациската покриеност.
Извор: МИА