Најмалку 58 лица загинаа, а 30 други се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови што ги зафатија источните делови на Авганистан.
Вкупно 34 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето во планинскиот регион Суроби во близина на Кабул. Шефот на локалната полиција Шагаси Ахмади информира дека веќе се обезбедени шатори, храна и други неопходни средства за помош на настраданите.
Други 17 лица ги загубиле животите во провинцијата Нангаран, а уште седум загинале во Кост и во Нуристан.