BMW ќе прави огромен теренец X7

Од:

Според водечкиот германски магазин Auto Bild, BMW ќе го воведе во својата понуда монструмот од теренец X7 во 2018 година.

Ќе ја користи платформата од наследникот на X5/X6. Со масовна примена на алуминиум, магнезиум и карбон тежината на оваа моделска гама ќе се намали и до 350 килограми.

Покрај силните дизели, под хаубата ќе работи осумцилиндарец со двојно турбонатполнење и моќност од 500 КС, а ќе се нуди и хибридна изведба. Најсилен меѓу дизелите ќе биде X7 M50d со 400 КС и четири турбополначи.

Претходно, баварската марка ќе ја заокружи понудата на теренци со основен модел. Новиот X4 ќе биде теренска изведба на серијата 3, која штотуку се збогати со комбилимузината GT и со купето од серијата 4.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска