Приведена жена од Скопје, украла накит вреден 960.000 денари од станови каде чистела

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 45-годишната М.А. од Скопје. Таа се сомничи дека во претходниот период извршила кражби во три стана во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари, информира МВР.

– Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит. На 16.03.2022, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките, соопшти МВР.

М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи