Пред средбата со Бајден во Белата куќа ирскиот премиер Мартин инфициран со коронавирус

Од:

На ирскиот премиер Михаил Мартин синоќа во Вашингтон му била потврдена инфекција со коронавирус, што ги искомплицирала плановите тој денеска да се појави заедно со американскиот претседател Џо Бајден на церемонијата по повод „Денот Свети Патрик“ во Белата куќа.

Мартин синоќа присуствувал на ирската свеченост во Националниот музеј на градот Вашингтон, на кој зборувал американскиот претседател, но претставник на Белата куќа соопшти дека двајцата не се нашле во близок контакт.

Со Мартин на масата, меѓу другите, седеле и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и пејачката Керол Кинг.

Маргарет Бренан од Си-Би-Ес Њуз, која присуствувала на настанот, на Твитер напиша дека ирскиот амбасадор во САД, Ден Мулхол, на присутните им кажал дека премиерот Мартин е позитивен на Ковид-19 и дека мора да го напушти настанот.

Мулхол додал дека премиерот се чувствува добро, пренесе „Ајриш тајмс“.

-Да, тој доби позитивен ПЦР тест вечерва. Тој беше негативен претходно во текот на денот, како и во неделата пред патувањето, изјави портпаролот на премиерот.

Бајден многу ги цени своите ирски корени и за време на неговото обраќање зборуваше за силните врски меѓу САД и Ирска.

Мартин денеска требаше да учествува со Бајден на традиционалните свечености на „Денот на Свети Патрик“ во Белата куќа и на Капитол Хил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски