Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

Од:

Вчера, во 11.50 часот на улица „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 43-годишниот Н.О.од Скопје. Тој се сомничи дека неколку минути претходно со употреба на сила одзел златен накит од Н.А.(49) од Скопје, информира МВР.

– Исто така, тој се сомничи дека на 02.03.2022 на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје извршил тешка кражба на дрзок начин над В.Д. од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица,а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи