Кина: Никогаш нема да ја нападнеме Украина

Од:

Кинески дипломат во Лавов рече дека неговата земја никогаш нема да ја нападне Украина.

„Кина никогаш нема да ја нападне Украина. Ќе помогнеме, особено економски… во оваа ситуација ќе се однесуваме одговорно“, рече кинескиот амбасадор во Украина, Фан Ксијанронг.

Според Си-Ен-Ен, тој тоа му го кажал на својот домаќин Максим Козицки, висок воен функционер од Лавов.

„Кина е пријателска земја на украинскиот народ. Како амбасадор, можам да кажам дека секогаш ќе бидеме сила на доброто за Украина, и економски и политички“.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив