Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно упати барање да се затвори небото над земјата. Тој на Фејсбук објави видео со сцени од Украина пред да започне војната, и како истите локации изгледаат сега откако се бомбардирани.
Зеленски бара небото над Украина да се „затвори“, затоа што на тој начин ќе бидат спречени воените авиони да влезат во нејзиниот воздушен простор и да ја бомбардираат.