(ВИДЕО) Петрески: ДКСК да ги истражи сомнителните договори на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Од:

„Целата јавност виде како Орце Ѓорѓиевски во време на економска и енергетска криза, парите од општината ги троши расипнички. 100.000 евра ќе потроши Ѓорѓиевски за исплата на хонорари преку авторски договори на негови блиски лица, роднини, сопартијци и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Бојан Петрески од СДСМ.

„За ова расипничко трошење на парите на граѓаните од страна на Ѓорѓиевски истрага треба да поднесе Државната комисија за спречување на корупцијата.

Државната комисија за спречување на корупција да постапи по допрен глас и да утврди дали преку овие договори е прекршен законот, дали има злоупотреба на службената положба и непотизам.

Ѓорѓиевски исто како и сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ наместо за граѓаните, општинскиот буџет го крчми на непродуктивни трошоци, на вдомување партиски кадри.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека во опозициската партија ништо не се менува, дека тие немаат намера да работат за интересите на граѓаните, туку исклучиво за личните и партиските интереси“, изјави Бојан Петрески од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот