Градежната комора на Македонија продолжува самостојно, надвор од Сојузот на Стопански Комори

Од:

Градежната комора на Македонија го одржа годишното собрание на кое за свој претседател го реизбра генералниот директор на „Голден Арт”, Ивица Јакимовски. Воедно, во согласност со Законот за стопански комори, како и во согласност со Статутот на Градежната комора, на предлог на Управниот одбор донесео длука со која го замрзнува своето членство во Сојузот на Стопански Коморина Македонија и во иднина ќе делува и настапува самостојно.

„Ова се специфични времиња со голем број предизвици кои треба да се премостат, да се преживеат со што помали загуби и од истите да се извлечат важни поуки за идното делување. Имајќи го предвид сето ова, Управниот одбор на Градежната комора на Македонија излезе со став дека во иднина треба да делува самостојно и надвор од системот на Сојузотна Стопански Комори, со цел најдобро да го штити и унапредува работењето на своите членки. Сега повеќе од било кога е потребна силна меѓусебна соработка, јасна и ефективна комуникација со институциите, како и антиципирање и адекватна рана реакција на било какви потреси од пошироки размери кои би имале директна импликација врз градежниот сектор на сегашните и идни проекти кои ги имаат под своја надлежност нашите членки. Покрај сите актуелни и идни предизвици, градежништвото останува двигател на уште 27 индустриски гранки кои директно влијаат на економскиот раст, а со тоа и на движењето на севкупната општествена економија. Согледувајќи го фактот за важноста на градежниот сектор во вакви клучни периоди за економијата, неминовно е истиот да биде основата за пребродување на постоечките кризи и потпора за растот кој треба да следи“, истакнува претседателот на Градежната комора Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Градежниците на средба со Заев ја поздравија одлуката на Владата да им помогне

Жарко Настоски

За Градежната комора прифатлив предлогот за задолжителен приклучок на парно на новите згради

Ана Ололовска

Новите услови од „Купи куќа, купи стан“ ќе ја стимулира продажбата на станови

Градежна комора бара формирање меѓуресорно тело на јавен и приватен сектор

Ана Ололовска

ССК: Ивица Јакимовски нов претседател на Градежна комора на Македонија

Ана Ололовска

ССК: Унапредување на соработката – Градежна комора и Град Скопје

Ана Ололовска