Градежниците на средба со Заев ја поздравија одлуката на Владата да им помогне

Од:

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јакимовски и со членови на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. На состанокот беше вклучен преку интернет и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се “поздравени заложбите на премиерот Заев за подобрување на деловното опкружување во државава.“

Истакнати се определбите на Градежната комора за продолжување на партнерскиот однос и за соработка во активностите, важни за развојот на економијата.

Разгледани се и конкретно, актуелните состојби во секторот градежништво и е разговарано за можностите за реализација на капитални инвестиции од значење, како за градежниот сектор, така и за граѓаните и за државата.

-Нашата цврста определба е раст на домашната економија, во што голем придонес може да дадат домашните фирми со активната работа, меѓу што и компаниите од секторот градежништво. Ја поддржуваме иницијативноста на Градежната комора да помогне во овој процес, што ја има поддршката на Владата, рече премиерот Заев на средбата со претставниците на Градежната комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов