Меѓународната агенција за енергија (ИАЕ) ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во 2022 година, предупредувајќи дека санкциите против Русија поради нејзината инвазија врз Украина може да предизвикаат шок во глобалното снабдување со нафта.
– Соочени со тоа што може да стане најголемата криза во снабдувањето во изминатите децении, глобалните енергетски пазари се на крстопат… не треба да се потценуваат последиците од потенцијалната загуба на рускиот извоз на нафта на светските пазари, се наведува во соопштението на ИАЕ.
Извор: МИА