Претседателот на Бугарија Румен Радев на работна средба со министерот за одбрана Драгомир Заков, началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов и командантот на воздухопловните сили генерал-мајор Димитар Петров разговарал за гарантирање на воздушниот суверенитет на Бугарија, соопшти неговата прес-служба.
Бугарскиот претседател Румен Радев со бугарските екипажи го поставил прашањето за преземање итни мерки за обезбедување на заштита на воздушниот простор на земјата од бугарски авиони.
Можностите што ги предлага Министерството за одбрана во оваа насока бараат длабинска анализа, како и навремени и адекватни решенија во сложена геополитичка ситуација, беше истакнато на средбата, јави дописникот на МИА од Софија.
Извор: МИА