Со свечена церемонија во Шангај, денеска беше одбележано завршувањето на изградбата на втората по висина кула во светот, која се наоѓа во шангајскиот бизнис кварт Пудун.
Шангајската кула е висока 632 метри. Во светот од неа е повисок само облакодерот „Бурџ Халифа“ во Дубаи, кој е висок 829,8 метри.
По завршувањето на изградбата на највисоката кула во Кина, во следните месеци ќе се работи на нејзино внатрешно уредување, по што таа официјално ќе биде пуштена во употреба по една година.
Кулата е проект на американсаката арехитектонска компанија „Генслер“.