Остри критики за илинденскиот говор на премиерот Груевски, упати академик Божин Павловски, кој по критиките за лустрацијата на Славко Јаневски и самиот беше експресно обележан од Комисијата за лустрација.
Павловски вели дека наместо обединувачки, премиерот одржал партиски говор кој води кон самоуништување.
Пред седум години Груевски вети подобрување на животниот стандард, зголемување на вработеноста, засилена борба против корупцијата, развој на демократијата, подобрување на меѓуетничките односи, политичка стабилност, интеграција во ЕУ и НАТО, но вчерашниот говор покажува дека тој целосно отстапил од своите ветувања.
Парафризирајќи ги пораките на премиерот, Павловски вели – во право е Паско Кузман кога тврди дека антиквизацијата е ремек дело на Груевски, не греши чаршијата кога шепоти дека тој стои зад одлуките на Томе Аџиев во процесот на лустрација, патува во далечните земји без гајле за трошоците. Опозицијата била виновна за смртта на демократијата во Македонија а Грците го блокирале.
На крајот Павловски прашува каде беа многубројните советници на премиерот да му укажат дека светиот Илинден не е ден за пресметки со неистомислениците.