Грузија и НАТО од 20 до 25 март ќе одржат командна вежба во Грузија, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тбилиси.
– Грузиските одбранбени сили ќе одржат вежби Грузија-НАТО во Заедничкиот центар за обука и евалуација од 20 до 25 март, се вели во соопштението на Министерството.
Според соопштението, во текот на 2022 година ќе се одржат командно-штабни маневри Грузија-НАТО, што значи дека ќе се одржат компјутерски, а не теренски вежби, како дел од мултинационалните вежби на кои учествуваат вкупно 23 земји членки и партнери на НАТО.
Извор: МИА