Украинско МНР за киднапираниот градоначалник: Според Женевска конвенција тоа е воено злосторство

Од:

„Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

Украинските власти претходно ги обвинија руските војници за киднапирање на градоначалникот на Мелитопол, јавува Би-Би-Си. Официјални лица изјавија дека руски војници попладнево го киднапирале градоначалникот Иван Федоров, откако лажно го обвиниле за тероризам.

Руските власти се уште не ги коментирале тврдењата.

Украинскиот политички аналитичар Матија Нелес објави снимка од надзорна камера на градското собрание на која наводно се гледа како руски војници го одведуваат градоначалникот.

Руските сили го окупираа Мелитопол, град во југоисточна Украина, во првите денови од инвазијата, а Федоров во средината на неделата за Би-Би-Си изјави дека жителите на никаков начин не соработуваат со Русите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина