Експлозија на бомба во близина на резиденцијата на претседателот на Хондурас

Од:

Бомба, поставена под еден паркиран автомобил, експлодира минатата ноќ на стотина метри од резиденцијата на претседателот на Хондурас, Порфирио Лобо, без да предизика човечки жртви.

Како што соопшти хондурашката полиција, во време на експлозијата, Лобо, заедно со сопругата и трите деца, бил во резиденцијата, што се наоѓа во едно од предградијата на Тегусигалпа.

Полицијата започна истрага за утврдување на карактеристиките на експлозивната направа. Засега не е познато дали Лобо бил цел на нападот.

Лобо, чиј мандат истекува во јануари 2014 година, досега во два наврати обвинуваше дека „неговите непријатели“ сакаат да го сменат од власта со преврат.

Лани Лобо влезе во спор со Врховниот суд околу реформите на полицијата и судството, што го доведе Хондурас пред сериозна политичка криза.

Би можело да ве интересира

Уличните банди стојат зад бунтот во затворот и масовното убиство во Хондурас

Најмалку 41 лице загина во бунт во женски затвор во Хондурас

Хондурас ги прекина врските со Тајван и отвори амбасада во Кина

Ана Ололовска

Хондурас поради проблеми со бандите суспендираше некои уставни права

Силен земјотрес го погоди Хондурас

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари

Ана Ололовска