Што е започнато, а што е веќе реализирано, кои проекти се подготвуваат? Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски в понеделник ќе даде отчет за сработенето. За работењето на Советот ќе говори претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ.
100 дена слободна општина Центар-под ова мото, велат од општината ќе ги известат центарци за случувањата и постигнувањата во општината, каде власта најтешко го прими поразот. Токму тука жителите кажаа во три изборни круга дека не ја оправдуваат политиката која ја води власта во општината и дека сакаат промени.