Столтенберг ја предупреди Русија да не ги напаѓа линиите за снабдување на сојузниците што ја поддржуваат Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека руските напади врз линиите за снабдување на сојузниците, кои ја поддржуваат Украина со оружје и муниција, би бил опасна ескалација на војната што беснее во Источна Европа.

– Сојузниците ѝ помагаат на Украина да го одржи своето право на самоодбрана, кое е вградено во повелбата на ОН. Русија е агресор, а Украина се брани себеси, истакна Столтенберг по состанокот со премиерот на Канада, Џастин Трудо, шпанскиот премиер Педро Санчез и летонскиот премиер Артурс Кришјанис Кариш во базата Адази.

Според Столтенберг постои јасна разлика помеѓу линиите за снабдување во Украина и тие вон нејзините граници.

– Во Украина се води војна и се разбира, линиите за снабдување во Украина може да бидат нападнати… Напад на територијата на НАТО, врз силите на НАТО, врз капацитетите на НАТО, тоа би било напад врз НАТО, посочи Столтенберг.

Тој упати и порака до Русија да ја прекине војната во Украина, а НАТО ќе продолжи со поддршката за Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: ЕУ сака да продолжи конфликтот во Украина

Украински колапс на фронтот во Курск, руските борци ги отсекоа сите патишта за снабдување

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Захарова: Киев се уште е опседнат со поразот на Русија

Горан Наумовски

Сијарто: Унгарскиот народ може да одлучи за пристапот на Украина во ЕУ

Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“