Песков: Понудата на Полска е потенцијално опасно сценарио

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека понудата на Полска своите борбени авиони МиГ-29 да ги распореди во воената база на НАТО, Рамштајн и да ги стави на располагање на САД е потенцијално опасно сценарио.

Ова е крајно непожелно и потенцијално опасно сценарио, наведе Песков.

Тој додаде дека САД почнале економска војна против Москва, алудирајќи на санкциите воведени поради инвазијата врз Украина.

САД и објавија економска војна на Русија и тие де факто ја водат оваа војна, посочи Песков, додавајќи оти руската Влада се обидува да воведе мерки за ограничување на економските последици од санкциите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани