Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок утре службено ќе ја посети Босна и Херцеговина. Информацијата ја потврдија за Фена од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
Бербок ќе се сретне и со шефицата на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, како и со членови на Претседателството на БиХ.
– Состојбата во Босна и Херцеговина е загрижувачка. Напорите во насока на отцепување, се неприфатливи. Според моето мислење, тоа значи дека сега треба да се промени постоечкиот режим санкции и против господинот Додик, изјави Бербок во средината на декември.
Медиуми јавуваат дека по Босна и Херцеговина, Бербок ќе ги посети и Косово и Србија.
Извор: МИА