Колку се богати 12-те кандидати за претседател на Франција

Од:

Задолжително е за кандидатите кои се впуштаат во трката за претседател на Франција, да поднесат декларацијат за имотот и интересите на секој од нив. Од 9,7 милиони евра нето за Валери Пекрес до 122.000 евра нето за Филип Поуту, половина милион евра нето Емануел Макрон, тоа е кратко резиме на изјавите за имотот и интересите на 12-те кандидати за претседателските избори, која е објавена од Високиот орган за транспарентност во јавниот живот (ХАТВП), јави дописникот на МИА..

Емануел Макрон: 550.000 евра

Кандидатот за претседател пријавил, како и во 2017 година, имот главно составен од банкарски сметки и финансиски инструменти: штедна книшка со 120.000 евра и плус 22.000 евра; животно осигурување со вредност од 113.000 евра.

Тој има уште околу 122.500 евра за отплата од заем за договори за работни зафати во 2011 година.

Емануел Макрон веќе поднесе декларација за финансиската состојба на крајот на 2021 година и ХАТВП процени дека нејзината варијација од влегувањето во Елисеј во 2017 година „нема абнормалност“. Тој доби 900.000 евра нето оданочен приход од почетокот на неговиот мандат во Елисеј до 31 декември 2021 година.

Валери Пекрес: 9,7 милиони евра

Претседателката на регионот Ил-де-Франс и кандидат на Републиканците има три куќи и земјиште во вкупна вредност од над 4,1 милиони евра, вклучувајќи куќа во Ивелин и уште една во Лоара-Атлантик.

Нејзиниот сопруг, извршен директор во Џенерал Електрик, и таа самата, имаат речиси 6,5 милиони евра животно осигурување, план за пензија, опции за акции, акции, тековни сметки и разни штедни производи, па дури и 60.000 евра уметнички дела. Валери Пекрес е исто така должна во износ од еден милион евра, помеѓу хипотека (811.049 евра) и износ што доспева до Државната каса од 173.749 евра.

Ерик Земур: 4,2 милиони евра

Кандидатот На Реконкет! е сопственик или косопственик во Париз на пет станови со површина од 27 до 165 метри квадратни, за суми од 176.400 до 1,8 милиони евра. Има уште околу 633.000 евра да врати од четири хипотеки.

Тој поседува и 90 отсто од капиталот на издавачката куќа Рубемпре, за вредност од 1,5 милиони евра. Поранешниот новинар на „Фигаро“ најголемиот дел од приходите ги добива од тоа како менаџер или писател.

Марин Ле Пен: 1,2 милиони евра

Кандидатката на Националниот собир пријави недвижен имот од вкупно 1,29 милиони евра: куќа од 633 m² во От-де-Сен, од кои таа има 12,5 отсто за сума од 616.800 евра; куќа од 120 м² во Морбиан, од која заеднички поседува 28,5 отсто, или 111.883 евра; и на крајот куќа во Ивелин, од кои заеднички поседува 25 отсто, или 565.801 евро.

Таа подигнала три заеми, од кои еден за претседателската кампања во унгарската банка МКБ за 10.691.775 милиони евра.

Николас Дупон-Ењан: 2 милиони евра

Лидерот на Франција простум, поседува неколку имоти, вклучително и стан од 105 m² во Париз проценет на 1,4 милиони евра. Најголем дел од приходите ги добива од избраната функција.

Жан-Лук Меланшон: 1,4 милиони евра

Наследството на лидерот на Бунтовна Франција главно се состои од стан во Париз проценет на 1,2 милиони евра, куќа во Лоаре за 170.000 евра, како и 95.000 евра на различни банкарски сметки. Жан-Лук Меланшон, сепак отплаќа 100.000 евра хипотека.

Жан Ласал: 630.000 евра

Претседателот Движењето на отпорот! и поранешен овчар поседува земјиште во Атланстките Пиринејси за 120.000 евра и исто така три куќи и еден стан, за вкупно 680.000 евра.

Ан Идалго: 575.000 евра

Социјалистичката градоначалничка на Париз со својот сопруг поседува куќа во Париз од 118 m² проценета на близу 1,4 милиони евра, за што остануваат да се вратат 400.000 евра. Ан Идалго има и околу 100.000 евра на различни банкарски сметки.

Јаник Жадот: 412.000 евра

Најголемиот дел од имотот на кандидатот на Еколозите и Зелените се состои од договор за животно осигурување од 67.000 евра, 90.000 евра распоредени на пет банкарски сметки и електричен скутер од 4.000 евра. Неговиот европратенички мандат му обезбедува бруто приход од 108.900 евра годишно.

Фабиен Русел: 220.000 евра

Комунистичкиот кандидат поседува две куќи во неговиот департман, едната од 100 m² во целосна сопственост за 180.000 евра, другата, во 60 отсто во сопственост, за 120.000 евра. Тој подигнал хипотека (од кои остануваат да се вратат 92.770 евра) и кредит со нулта стапка (остануваат 6.130 евра). Една од неговите тековни сметки била во минус на датумот на декларирање, на -219 евра.

Натали Арто: 219.000 евра

Кандидатката на Работничката борба е косопственик на стан од 48 m² во Пантан (Сена-Сен Дени), нејзиниот удел е проценет на 177.600 евра. Таа има заштеда од под 40.000 евра.

Филип Путу: 122.000 евра

Кандидатот работник е невработен по неговото отпуштање од фабриката Форд во Бланкефор (Жиронд) во септември 2021 година. Тој добива надоместоци како општински и градски советник во Бордо. Тој нема имот, но близу 100.000 евра распоредени на четири банкарски сметки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата