Подготовки за претставата „Народен непријател“ – премиера во рамките на проектот „Патиштата на хероите“

Од:

Во подготовка е и финалниот продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“ со премиера на претставата „Народен непријател“ од авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, чиј носител е Македонскиот народен театар, поддржан од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан.

Во копродукцискиот проект учествуваат автори од сите партнерски земји: Србија, Словенија, БиХ, Грција и Италија, а во изведба на актерите: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Нино Леви, Александар Михајловски, Мартин Ѓоргоски и Јана Вељановска.

Претставата се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој е во право. Премиерата на претставата се очекува кон почетокот на мај 2022 година, на големата сцена на Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и во регионот.

Проектот „Патиштата на хероите“ е со времетраење од две и пол години, а во рамките на истиот опфатени се бројни програми меѓу кои: професионални работилници, изложби, креативни истражувања, издавачка дејност за деца, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн.

До сега се реализирани неколку креативни работилници преку кои Македонскиот народен театар заедно со издавачката куќа Гаврош со уште 5 (пет) други партнерски земји од Италија – Ла Драматурџи, Грција – Лооп Амке, Босна и Херцеговина – Студио Театар, Словенија – Институт за театарска игра и Србија – Ехо Анимато се занимаваат со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се истражуваат механизмите на создавање и соработка во креативен тим, здружувајќи ги уметниците за преиспитување на нивните сопствени практики, со цел да се подобри уметничкиот тим и да создаде силно општество/заедница.

Исто така, од вкупно дванаесет, снимени се шест краткометражни филмови на повеќе јазици од земјите соработници, кои ќе се емитуваат на првиот програмски сервис на МРТВ. Филмовите, од областа на екологијата, за подигнување на свеста на поединецот и како да се биде општествено одговорен кон природата се титлувани на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска