Американскиот државен секретар Антони Блинкен телефонски разговараше со неговата германска колешка Аналена Бербок за ситуацијата во Украина.
Блинкен ја истакна важноста Германија и САД да работат заедно во врска со руската инвазија врз Украина, соопшти американскиот Стејт департмент.
Во изминатите неколку дена Блинкен ги посети Полска, Молдавија и балтичките земји за да разговара за војната во Украина и заканата што ја претставува Русија за неговите европски партнери, потсетува Стејт департментот.
Извор: МИА